„Пиволенд“ од 31 август до 4 септември на скопско Кале

Објавено: петок, 22 јули 2016 во 18:48
Spread the love

Од 31 август до 4 септември во Скопје ќе се одржи 9. „Гурманскиот викенд со пиво – Пиволенд“.

Посетителите пет дена ќе имаат можност да уживаат во дегустација на многу видови пиво, гурмански деликатеси и над 100 музички настапи на три фестивалски бини, информираат организаторите.

Локацијата на „Пиволенд“ традиционално е на Кале.