Живот

Пилешкото месо е полно со вода, еве како не мамат

Поголемиот дел од луѓето кои што купуваат пилешко месо во продавниците, не се ниту свесни дека дури 30% од месото е “напумпано” со солена вода, хемикалии за засилување на вкусот и текстурата, па дури и отпад од други животни.

Станува збор за нешто што производителите на месото го прават за да пилешкото добие на тежина, а секако, со тоа на крајот тие ќе си обезбедат дополнителна добивка. Наместо да се продава здраво и хранливо пилешко, месото се пумпа со сите можни течни додатоци и хемикалии, се со цел од месото со полош квалитет да се добие месо од прва класа.

Наместо пилињата да се одгледуваат да бидат здрави и нивното месо да биде сочно и меко, во трката за колку што е можно поголема заработка, одгледувачите прават се за пилињата побрзо да ја достигнат потребната тежина.

Со тоа, потрошувачите покрај тоа што се измамени, всушност се загрозува и нивното здравје, затоа што таквото пилешко месо содржи дури 500% повеќе натриум.

Значи, иако на пилешкото му се додаваа хемикалии, тие се третираат како природни додатоци, па затоа и на производителите им е овозможено на своите производи да ја ставаат етикетата “природно”. доколку наидеме на ваква етикета на производите на големите компании, можеме да бидеме сигурни дека тука ништо не е природно!

Од претходно е познато дека во пилешкото месо кое што се продава во продавниците има одредено количество на арсен, а познато е и дека кокошките и пилињата се хранат со антибиотици, антидепресиви, ацетаминофен и кофеин, а дури 20% од пилешкото е заразено и со салмонела!

Уште во 2009 година било откриено дека на пилешкото месо му се зголемува тежината така што во него се додава животински отпад, или поточно коски и рскавици од свињи или крави. Измамата била откриена од страна на Агенцијата за стандарди кај храната со помош на нови здравствени тестови затоа што материјалите кои што се додавале биле совршено обработени за да успешно поминуваат низ ДНК тестовите. Овој скандал бил откриен во рестораните ширум Англија.

Праксата на додавање на вода и протеини во пилешкото месо не е противзаконска, се додека истата е нагласена. Исто така, не е противзаконско да се додаваат говедски и свински протеини, се додека истите се означени како “хидролизирани протеини”. Овие додатоци се додаваат за да може пилешкото месо да ја задржи водата во себе.

Поврзани вести

Back to top button