Македонија

Петте деца на Кочевски јадат само леб и домати

Леб и домати. Тоа се јаде секојдневно во семејството Кочевски. Дијана, иако има име на принцеза, има скромни желби. Нова година е  далеку но таа сепак се надева дека Дедо Мраз ќе и ги исполни желбите.

Благе Кочевски, вели дека е многу тешко да се израснат пет мали деца. Кога ќе најде работи оди,  но со заработените пари не успева да им обезбеди нормални услови:

Мајката, Даниела, нема зборови со кои би опишала колку и е мачно. Од неа се бара се, а таа не може ништо да им обезбеди.

Седутемина членови на семејството Кочевски се кираџии, со социјалната помош од 8 илјади денари, која ја добиваат за трето дете. Помага некогаш и заработката на сопругот но никогаш немале доволно за нормален живот.

Екипата на ТВ21 ја испратија со надеж дека хуманите луѓе ќе им помогнат да имаат барем сопствен дом.

Афим Јонузи за tv21.tv/mk

Поврзани вести

Back to top button