Живот

Петнаесет чекори како да препознаете психопат

Луѓето со психопатско или, пак, социопатско однесување можат да бидат насекаде околу вас. Од колегата на работа до новиот пријател кој е многу забавен и интересен и постојано ви дели комплименти.

Психопатите не мора секогаш да бидат како нешто што го знаеме од филмовите – убијци или тешки криминалци, но можат да бидат проблематични ако се во ваша близина. Речиси сите психопати рефлектираат исто или слично однесување, па благодарение на тоа ние можеме да ги препознаеме. Еве неколку фотографии кои ќе ви помогнат да ги идентификувате психопатите меѓу вас.

Психологијата допрва прави сериозни научни истражувања за тоа кои и колку од популацијата се со вакво однесувања. Некои истражувања велат дека само 1% од популацијата се со ваква психолошка состојба, додека пак други велат дека овој процент оди до 10% од генералната популација. Статистиката вели дека 50 – 75% од затворениците имаат антисоцијално однесување или некое ниво на психопатија.

  • Најпрвин внимавајте на слаткоречивоста и на површниот шарм.Психопатите со себе постојано ја носат „маската“ за да ви се допаднат и да ви станат пријатни. Психопатите се добри во стекнувањето на довербата кај „жртвите“.
  • Видете дали имаат голема самодоверба. Психопатите често веруваат дека се попаметни од другите и помоќни од тоа што, всушност, се.
  • Имаат голема потреба од стимулација. Мирот, тишината и едноставноста не се особина на психопатите. На нив постојано им е потребно возбудување, активност и забава.
  • Внимавајте, тие се патолошки лажговци. Психопатите постојано кажуваат кратки лаги, мали бели лаги, но и големи приказни со цел да ве придобијат или да имаат некаков бенефит.
  • Проценете дали сакаат да манипулираат. Психопатите се вешти во манипулацијата со луѓето и имаат способност да ги натераат луѓето да прават работи кои вообичаено не би ги правеле. Тие користат вина и сила како методи за манипулација. Често можат да направат да се чувствувате виновни или да чувствувате дека тие се помоќни од вас, иако реално нема причина да верувате во тоа.
  • Чувството на вина. Кај нив отсуствува чувството на вина. Ова е најјасниот симбол кај психопатите. Внимавајте, тие може да демонстрираат лажно чувство на вина со цел да манипулираат со луѓето. На пример, тие може да покажуваат чувство на вина кон нивните „жртви“ со цел жртвите да ги сожалат и да ги тешат.
  • Немаат емоции за љубов или тага. Тие демонстрираат атипични емотивни реакции за време на смрт, повреда или настани кои кај нормалните луѓе предизвикуваат длабоки негативни чувства. Истражувањата покажуваат дека за разлика од аутистите, психопатите немаат чувства ниту длабоко во себе.
  • Немаат симпатија и сочувство. Истражувањата покажуваат дека психопатите иако немаат емпатија, тие сепак добро ја препознаваатемпатијата кај другите луѓе.  Тие немаат емпатија или можат да ја „вклучат“ и „исклучат“ својата емпатија. Научниците велат дека тие се способни за т.н. когнитивна емпатија (способност да ги читаат и разберат чувствата на другите луѓе) и имаат намален ефект од емпатијата, односно намалена способност да ги чувствуваат емоциите.
  • Животниот стил може, исто така, да ги издаде психопатите. Тие се често паразити, односно сакаат да живеат на грбот на други луѓе. Ги користат луѓето, па дури и најблиските, да се стекнат со моќ и ресурси. Препознаваат преку кои луѓе можат да го стекнат тоа и лесно се вклопуваат во животите на тие луѓе.
  • Набљудувајте го нивното однесување. Лоша контрола над себе, сексуален промискуитет и проблеми уште во детството се знаци кои можат да водат дека станува збор за психопат.
  • Зборувајте со нив за нивните цели. Психопатите честопати себеси си поставуваат нереални цели на долг рок. Честопати од нив ќе слушнете за нивните големи планови, за кои сте свесни дека се недостижни. Тие или не си поставуваат никакви цели или поставуваат крајно нереални цели кои не можат да ги исполнат со нивниот капацитет.
  • Тие се импулсивни и неодговорни. Овие две особини лесно издаваат психопатско однесување.
  • Не прифаќаат одговорност. Психопатите речиси никогаш не признаваат дека направиле грешка, ниту дозволуваат некој да им посочи дека грешат или, пак, да им суди. Истражувањата покажуваат дека можат да ја признаат грешката, но само за да избегнат поголем проблем или за да избегнат да се соочат со последицата, односно да изнудат сочувство. Многу често доколку ги обвините тие ќе го свртат обвинувањето кон вас или ќе се обидат да направат дека обвинувањето не е фер или неразумно. Тој што обвинува веднаш ќе почне да се прашува дали навистина не претерува.
  • Истражете им ги љубовните и брачните врски. Ако сакате добро да препознаете психопат треба да имате информации за нивните љубовни и брачни врски. Често тие имаат кратки бракови или врски. За евентуалниот распад на бракот тие секогаш ги обвинуваат сопружниците и никогаш нема да кажат дека и тие одиграле некоја улога за распадот на бракот.
  • Истражете дали биле дел од малолетничка деликвенција.Психопатите имаат тенденција да бидат деликвенти како млади. Овде може да се вклучи и тоа што имаат тенденција да бидат агресивни кон другите деца.

Психопатите можат да бидат насекаде. Овие 15 знаци можат да ви помогнат да ги препознаете. Иако и најинтелигентните луѓе тешко можат да препознаат психопати, затоа што тие лесно стекнуваат пријателства, лесно манипулираат со другите и на краток рок се одлични за дружба. Меѓутоа, истражете добро со кого се дружите и кој е во вашето опкружување. Обратете внимание и како психопатите се однесуваат со оние од кои немаат никаков бенефит.

Извор: life.ugd.edu.mk/

Поврзани вести

Back to top button