Избор на уредникотМакедонија
Пет средношколци од Чаир создадоа најдобра национална апликација на натпреварот (NASA Space Apps Challenge)
Пет ученици од средното училиште „Зеф Љуш Марку“ во Скопје се победници на националниот натпревар (NASA Space Apps Challenge), соопштија од „Младинскиот центар Чаир“.
Под менторство на Ндем Нагавцири, членовите и волонтери Јасир Идризи, Кренар Ахмети, Дијар Селами, Ендрит Шаќири и Анди Ганиу се натпреваруваа помеѓу бројни екипи од целата земја, и не само што се на првото место, туку и се здобија со право за посета на Вселенскиот центар Кенеди на НАСА, во САД, се вели меѓу другото во соопштението од Младинскиот центар Чаир.