Пет напитоци кои се пијат пред спиење: Го чистат црниот дроб, помагаат при слабеење и го подмладуваат телото
За да го исчистите телото од нездравата храна и наталожените токсини, секоја вечер пред спиење испијте еден од овие напитоци.
Чај од камилица
Чајот од камилица го чисти црниот дроб додека спиете, го смирува нервниот систем, го подобрува квалитетот на спиењето и го ублажува стресот.
Потребни состојки: половина лажичка мелени цветови од камилица, 250 мл. вода.
Подготовка: зовријте ја водата, а потоа додадете камилица. Оставете да се вари околу 10 минути, а потоа тргнете го чајот од оган, процедете го, изладете го и испијте. Пијте чај секоја вечер пред спиење во рок од 2 недели.
Топла вода со лимон
Лимонот има диуретични својства и помага во детоксикација на црниот дроб.
Потребни состојки: 1 лимон и 200 мл. вода.
Подготовка: загрејте ја водата (не треба да врие), а потоа додадете сок од лимон. Пијте половина час пред спиење.
Овесна вода
Овесната каша е богата со растителни влакна, витамини и минерали кои се одлични за подобрување на варењето на храната, како и за подобро функционирање на црниот дроб и цревата.
Потребни состојки: 1 чаша овесна каша (без глутен), 6 чаши филтрирана вода.
Подготовка: потопете ја овесната каша во вода и оставете да отстои 7 часа, а потоа процедете. Во течноста додадете малку цимет и чувајте ја во фрижидер. Пијте две чаши навечер, 30 минути пред вечера и 30 минути пред спиење.
Чај од ѓумбир со лимон
Овој моќен пијалок го детоксицира телото и помага при слабеење. Ѓумбирот и лимонот се богати со витамини и антиоксиданти кои спречуваат болести и ја стимулираат работата на метаболизмот. Тие исто така имаат антиинфламаторни својства и ги отстрануваат токсините од телото.
Потребни состојки: 1 парче свеж ѓумбир (околу 5 см), 1 лимон и 250 мл. вода.
Подготовка: зовријте ја водата, додадете ѓумбир и сок од лимон и варете 10 до 15 минути. Пијте најмалку 3 пати неделно, 30 дена. Овој пијалок не треба да го пијат лица со хипертензија!
Чај од нане со мед
Речиси сите знаат дека нането е добро за варењето и дигестивниот систем.
Потребни состојки: 2 лажици суви листови нане, 250 мл. вода.
Подготовка: зовријте вода, а потоа во неа додадете го нането. Оставете го да отстои 10 минути, процедете го, изладете и додадете малку мед. Пијте половина час пред спиење.