Пентагон: Руски бомбардери повторно кај Аљаска
Американски и канадски авиони ловци минатата недела пресретнале руски бомбардери близу Аљаска, соопштија северноамериканските воени власти.
Руските бомбардери Тупољев-95 во три наврати биле во меѓународниот воздушен простор – 17-ти,18-ти и 20-ти април, соопшти Пентагон, додека воената команда одговорна за безбедност на воздухопловноста во САД и Канада вели дека, руските бомбардери биле два пати во близина на Алеутските острови и еднаш во близина на копното на Аљаска и Канада.
Вакви пресретнувања на бомбардери со авиони ловци е често во меѓународниот воздушен простор, исто така руски авиони понекогаш ги следат американските набљудувачки авиони околу Балтичкото море, во близина на Русија.
Пентагон предупреди дека ова е прв пат по двеипол години да видат руски бомбардер до Аљаска.