ЖивотСветТоп

Пентагон: Не најдовме докази за вонземјани, но потрагата продолжува

Директорот на новиот оддел на Пентагон за истражување на аномалии од секаков вид (ААРО), Шон Киркпатрик, на прес-конференција, не ја исклучи можноста за постоење на вонземски живот и изјави дека сака да се пријде на оваа тема од чисто научна гледна точка, пренесува Ројтерс.

– Нашата анализа ќе биде многу промислена и строга, ќе испитаме се. Како физичар ќе се придржувам до чисто научни методи и податоци, изјави Киркпатрик.

Тој додаде дека ААРО ќе се фокусира на необјаснети појави околу воените инсталации и во воздушниот простор контролиран од војска и „други места од посебен интерес“ за да открие можни закани за националната безбедност.

Извештајот на американската влада од минатата година документираше повеќе од 140 случаи, на она што американската војска официјално го нарекува „неидентификувани воздушни феномени“, кои се забележани од 2004 година.

Поврзани вести

Back to top button