Педофилски скандал: Висок функционер им ветувал светла иднина на сиромашни момчиња, а ги држел како сексуални робови
Обединетите нации отворија истрага откако беше уапсен поранешен висок функционер, поврзан со британска добротворна организација.
Полицијата соопштила дека при рација во доморот на функционерот во Непал го нашла Канаѓанецот Питер Далглиш (60) со две момчиња од 12 и 14 години и го уапсила. Далглиш се товари за тешко сексуално насилство врз деца.
Канаѓанецот бил на повеќе високи позиции во агенциите на Обединетите нации. Во 2015 година бил претставник на ОН во Кабул.
Според обвинувањето на едно момче, Далглиш во Непал злоставувал деца 15 години.
Полицијата соопштува дека информации за однесувањето на Канаѓанецот добила од вработени во добротворната организација.
-Првите истраги открија дека цел му биле деца од сиромашни семејства. Сексуално ги злоставувал, изјавил Пушкар Карки, директор на непалското Истражно биро. Далглиш ги разделувал децата од родителите така што лажел дека ќе им пружи образование, дека ќе ги идведе во странство и дека ќе им најде работа.
Тој е оженет и има дете, а основал и светска хуманитарна организација „Децата ос улица“ (Street Kids International), која е дел од „Да ги спасиме децата“ (Save the Children) од Лондон.
Овој скандале последен во низата скандали со хуманитарните организации под закрила на ОН. Претходно, хуманитарни работници и функционери користеле жени и деца за секс вна Хаити.