Живот

Парис Хилтон со потресно сведоштво, била сексуално злоставувана на 16 години

Парис Хилтон тврди дека била сексуално злоставувана кога имала 16 години.

Таа вели дека вработените во училиштето „Provo Canyon“ во Јута насилно вршеле прегледи на грлото на матката.

„Ова се случуваше околу три-четири часа наутро. Мене и девојките нè носеа во собата каде што ги извршуваа прегледите“, рекла Парис.

Хилтон навела дека прегледите не ги правеле доктори, туку „членови од персоналот кои им наредувале да легнат на маса и потоа им ставале прсти внатре“.

„Беше застрашувачко. Со години се обидував да го поттиснам од меморијата она низ што поминав. Од перспектива на возрасна личност, можам со сигурност да кажам дека дефинитивно беше сексуална злоупотреба“, вели таа.

Управата на споменатото училиште сè уште не се огласила.

 

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button