Овој електричен автомобил се полни самиот себеси со соларна енергија (ВИДЕО)
Ова е „Lightyear One“, електричен автомобил кој самиот себеси се полни со соларна енергија. Има максимален досег од 724 км, што е за 129 км повеќе отколку што е досегот на Tesla Model S.
Lightyear One беше претставен на 25 јуни. Покривот и хаубата на автомобилот се направени од 5 квадратни метри интегрирани соларни ќелии, заштитени со слој безбедносно стакло.
Благодарение на технологија за брзо полнење за само еден час може да се наполни со доволно енергија за да помине 563 км, а на обичен штекер од 230 волти преку ноќ може да се наполни со енергија за да помине 350 км.
Соларните панели се полнат со брзина од 11 км/ч. Lightyear прима преднарачки за моделот со 5 седишта по цена од 135.000 долари, а доставата се очекува да почне во 2021 година. Се очекува малопродажната цена на автомобилот да се движи околу 170.000 долари.