Иако постојат многу фактори кои придонесуваат во оштетување на нашите бубрези, голема улога во сето тоа има исхранатa, односно постојат одредени намирници кои сериозно можат да му наштетат на здравјето на нашите бубрези, па поради тоа треба да ги избегнувате или барем да ги сведете на минимум при консумирањето.
Станува збор за следните намирници: преработено месо, брза храна, солени грицки, авокадо, конзервирана храна, кафеав ориз, бел леб, банани и газирани пијалаци.
Доколку имате проблем со бубрезите тогаш склони сте кон тегоби, па важно е да обрнете внимание при внесот на натриум, калиум и фосфор, пренесува „Healthline“.
Доколку претерате со тие намирници и дојде до откажување на бубрезите, последиците можат да бидат опасни по живот.