Оваа земја ги избрка ММФ и странските банки и се спаси од економската криза
Од малиот Исланд постојатно доаѓаат вести кои на остатокот од светот му делуваат како волшебна бајка. Откако на помалку од 400.000 жители на Исланд ги соборија корумпираните политичари кои ја упропастија земјата со банкарски и берзански сплетки, откако ги фатија и осудија одговорните политичари, откако ги национализираа пропаднатите банки, па на ред дојдоа и паричниот подарок.
Ретко која земја би можела да се пофали со борба, а камо ли со победа против банкарската мафија.
Судејќи според се, Исланд се повеќе личи на нешто, што нашата земја никогаш нема да биде.
Исланѓаните се извлекоа од економската криза, ја спасија својата валута, се ослободија од лудачките побарувања од Европските политичари, го минимализираа влијанието на ММФ, а се разбира и го осигураа владеењето на политичарите кои сметаат дека банките треба да пропаднат, доколку не работат како што треба, и дека државата никогаш не смее да ги спасува приватните банки.
Во последните пет месеци Исланд затвори 26 банкари, кои земјата ја турнаа во финансиски хаос, верувале или не, никој друг на планетава не направил такво нешто. Владата во Исланд исто така ги национализираше оние банки кои се нелегалните активности, ја осигураа економската нестабилност, и кои и самите не можеле да излезат од дуплите кои самите ги ископаа.
Имено, Исланѓаните сватија дека пропаднатите банки никогаш нема да можат да ги вратат парите, кои им ги „изеде“ кризата, и дека единствен начин за враќње на долгот и нивната национализација.
Со оглед на тоа дека Исланѓаните имаат реална контрола над својата влада, тоа ефектно може да се почувствува на сопствена национализирана банка.
Имено, неодамна исландскиот министер за финансии Бјарни Бенедиктс, објасни како на почетокот на 2016 година, секој Исланшанец ќе добие по 211.80 евра, кои се заработени од национализацијата на најголемата банка на Исланд-Исландбанка.
Според зборовите на министерот Бенедикст тоа е 5% од вкупниот износ на нејзината вредност, додека остатокот од парите кои банката ги посеува, брзо ќе бидат уфрлени во програмата која на Исланд им ја осигурува економската стабилност и уредно делување на здравствените, пензиските и социјални фондови.
Тхордарсон, заменик секретарот на одборот за буџетската контрола, призна дека не е среќен со национализацијата на банките, ниту пак омилена му е идејата дека државата поседува банки, но смета дека тоа е потребен чекор за да оптимално се спроведе контролата на капиталот.
Исланѓаните секако имаат причина за славење во 2016 година, не само што го отплатија целосниот долг на ММФ, туку сега можат и да ги почувствуваат плодовите од својата работа поради паметното владеење со земјата.
Можеби на некои ќе им се чини дека 211 евра е премал збир, за од тоа да се дига прашина, но размислете која држава некогаш ги поделила парите со сопствениот народ, по купувањето на некоја банка?
Сега споредете го Исланд и неговата банкарска политика со својата земја…