Оваа билка го спречува ширење на рак и го успорува стареењето
Рузмаринот е зимзелена медитеранска билка, чие име значи „морска роса“. Најчесто се употребува како зачин во медитеранските јадења или како етерично масло. Има ароматичен мирис и интензивен вкус, но и многу здравствени придобивки добри за физичкото и менталното здравје. Многумина го сметаат за најздрав медитерански зачин. Зошто?
Ги елиминира патогените микроорганизми
Поради сè почестите патогени микроорганизми, кои настануваат во храната, треба да внимавате на тоа како се чуваат намирниците, особено за време на летниот период. Рузмаринот го заштитува јадењето од бактерии, но исто така има и антимикробно делување и ги елиминира патогените микроорганизми во храната.
Го намалува ризикот од рак на дојка, на дебело црево и на кожа
Познато е дека рузмаринот го спречува ширењето на клетките на ракот на дојка и дебело црево. Најделотворно е во комбинација со куркума или ако се зема како екстракт. Лето може да користие и масло од рузмарин кој овозможува заштита од сончево зрачење и го намалува ризикот од рак на кожата.
Го подобрува помнењето и работата на мозокот
Рузмаринот го чува здравјето на мозокот и го спречува слабеењето на неговото функционирање. Ако сте забележале дека помнењето ви се намалува, засадете си рузмарин во саксија за цвеќе и ставете го на некое место на кое учите, читате или често поминувате време таму. Дури и самиот мирис на билката може да ја подобри меморијата и работата на мозокот.
Бројните истражувања покажале дека кај личностите кои го мирисале рузмаринот им се подобрило помнењето и моќта на концентрација.
Ги ублажува тегобите и болките во стомакот
Ако постојано имате грчеви или гасови во цревата, чајот од свежи или исушени гранчиња рузмарин ќе ви ги ублажи тегобите. Исто така ги ублажува менструалните болки и главоболката, но ги опушта и мускулите.
Го намалува нивото на стрес
Рузмаринот може да биде ваш сојузник во борба против стресот. Познато е дека го намалува нивото на кортизол, хормон кој се лачи кога сте под стрес. Допринесува да се почувствувате смирено и опуштено.
Ги ублажува симптомите на настинка и грип
Благодарение на против воспалителните својства и благотворното влијание врз дишните органи, маслото од рузмарин ги намалува симптомите на воспаление на грлото, настинка или грип. Познат е и по ублажување на тегобите предизвикани од алергија. Капнете неколку капки масло од рузмарин во ламба за арома и неговиот мирис нека се шири низ просторијата во која седите. Или пак, можете да капнете 2-3 капки масло рузмарин во врела вода, покријте ја главата со крпа и инхалирајте од мирисот 15-20 минути.
Го поттикнува растот на косата
Ако ја губите косата на одредени места на главата или пак косата почнала да ви станува поретка, направете си масажа со масло на рузмарин. Според едно истражување, кај личностите кои седум месеци си го масирале скалпот на косата со масло од рузмарин се забележало значително растење на косата и подобрување на квалитетот на влакното.
Штити од предвремено стареење и дегенеративни болести
Сигурно многупати сте слушнале за слободните радикали, кои се непријател на вашето здравје, бидејќи предизвикуваат прерано стареење и појава на многу болести. Силен борец против слободните радикали е токму рузмаринот. Овој зачин е еден од најсилните природни антиоксиданси, кои ве штити од делување на слободните радикали и го намалува ризикот од срцеви болести, рак, предвремено стареење и проблеми со видот.
Како да го користите?
Зачинете го вашето јадење со рузмарин или користете го како етерично масло. Свежиот рузмарин може да го додадете и во обичен печен компир, а ако го користите во комбинација со маслиново масло, нема да може да му одолеете. Исто така може да го користите и како чај. Во шолја со врела вода, додајте едно до две гранчиња рузмарин и оставете го неколку минути. Потоа исцедете го и уживајте во овој смирувачки пијалак.