ЗдравјеИзбор на уредникот

Ова овошје има неверојатни лековити својства: Го чува видот, срцето и коските, ја подмладува кожата и го топи салото

Кајсијата е многу хранливо овошје кое изобилува со влакна, а притоа е и нискокалорично.

Кајсиите ги содржат витамините А, Ц, Б и каротеноиди во значајни количини, а од минерали содржат калиум, бакар, манган, железо, магнезиум и фосфор. Како и повеќето овошја, тие се одличен извор на влакна, а голем дел од заслугите за здравјето произлегува од изобилството на антиоксиданси кои ги содржат.

Освен тоа, кајсијата ја поттикнува одбранбената сила на организмот и штити од инфекции, ги зајакнува забите и коските. Поради високата содржина на железо, кајсиите им се препорачуваат на анемични лица, а поради витамините А, Б, Ц, каротеноидите и ксантофилите, го чуваат видот, спречуваат макуларна дегенерација и слабеење на очниот мускул со текот на годините.

Еве како кајсиите влијаат на здравјето:

Го забрзуваат метаболизмот
Кајсиите се одличен извор на влакна, а доколку ги јадете пред оброкот, тие добро ќе влијаат врз метаболизмот и ќе го забрзаат. Влакната ги разградуваат масните киселини и со тоа се грижат за здравјето на системот за варење.

Го чуваат срцето
Овошјата кои се полни со влакна го намалуваат холестеролот, а тоа значи и заштита на срцето. Калиумот во кајсијата го одржува здравото ниво на електролити и со тоа помага во работата на срцевиот мускул.

Го поттикнуваат слабеењето
Кајсиите се нискокалорични, па затоа им се препорачуваат на сите кои се обидуваат да ослабнат. Тие се многу хранливи и го намалуваат чувството на глад во организмот.

Ги зајакнуваат коските
Калиумот е потребен за развивање и одржување на здравјето на коските, а токму кајсиите го содржат овој минерал во големи количини. Без доволно калиум, калциумот не може правилно да се апсорбира во организмот кој исто така го има во кајсијата во голема количина.

Благодарение на витаминот А, кајсијата се смета за еден од најдобрите природни сојузници за зачувување на здравјето на кожата.

Поврзани вести

Back to top button