Џил и Кели Бејтс од Тенеси имаат едно од најголемите семејства во светот – тие имаат 19 деца (9 синови и 10 ќерки) и 9 внуци.
Во првите 15 години од нивниот брак, Кели била бремена секоја година.
Гордиот 53-годишен татко Џил има своја компанија, а во работата му помагаат остарите синови.
Интересно е што ова семејство никогаш не барало помош од државата и тие веруваат дека децата се божји благослов.
Секое дете си има свои задачи и помага во домашните обврски. Џил и Кели велат дека нивните деца се изгледани според христијанските вредности и сите ги ценат соработката и трпението.
Парот планира да има уште деца и не сакаат кога ги прашуваат дали некогаш ќе престанат со тоа.
„Ќе имаме многу повеќе деца ако ни дозволи Бог. Децата се благослов, а нам Бог нѐ благослови многу, многу пати“, вели Џил.
Парот е во брак 31 година, а најстарото дете е 29-годишниот Зек. Најмлад е нивниот 6-годишен син, Џеб. Домот на ова семејство има 5 спални соби, 8 бањи, 2 кујни и огромна трпезарија со маса долга неверојатни 4 метри.
Големиот дел од облеката си го прават самите, а никој не сака да има телевизор во неговата соба. Па, слободното време најчесто го минуваат играјќи игри, пеејќи или свирејќи некој инструмент.
За време на викенд, членовите на семејството посетуваат постари луѓе, бидејќи сакале, како што велат самите, да шират позитивна енергија.
Компанијата на Џил работи со дрводелство, а му помагаат постарите синови. Кели, пак, останува во домот и ги подучува најмладите деца.
Парот вели дека нивните деца се одговорни и се грижат едни за други. Шест од нив веќе имаат свои семејства, па сега Џил и Кели имаат и 9 внуци.
Џил и Кели се запознале во 1986-та година на факултет, а се венчале наредната. Набрзо по свадбата, Кели останала бремена.
„Кога бев млада воопшто не сакав деца. Сакав кариера. Но, со текот на времето, Бог ми го промени срцето“, изјавува Кели.
На нивните деца воопшто не им пречи што нивното семејство е толку големо.
„Отсекогаш сакав да имам многу браќа и сестри. Секогаш имате некој со кој можете да си играте, секогаш имате пријател. Не знам како е да бидеш осамен“, вели најстариот син, Зек.
За жал, после 16-тото дете, Кели имала и два спонтани абортуси. Ова бил еден од најтешките периоди во нивните животи.
Бидејќи засега ќерките се побројни момчињата, децата на шега велат дека мајка им мора да роди уште еден син, за да има рамнотежа.
Семејството има и веб-сајт каде што луѓето од целиот свет можат да им помогнат. Всушност, многу луѓе со задоволство им помагале, бидејќи во нив гледале надеж и храброст.