Избор на уредникотСвет

Откриено е каде саудискиот принц ја чува сликата на Исус вредна 450 милиони долари!

Сликата „Салватор Мунди“, или „Спасителот на светот“ на Леонардо Да Винчи, која официјално е најскапата на светот, наводно се наоѓала на јахта во сопственост на саудискиот принц Мохамед Бин Салман.

Оваа слика се најде во центарот на вниманието на светската јавност откако во 2017-та година беше продадена за вртоглави 450 милиони долари. Во меѓувреме, на сликата ѝ се загуби секоја трага, иако беше најавено дека ќе биде изложена во арапската верзија на музејот Лувр.

Во јавноста се појави информација дека делото на Леонардо Да Винчи старо 500 години, преку посредник го купил контоверзниот саудиски престолонаследник Мохамад Бин Салман, но од аукциската куќа „Кристи“ не открија повеќе детали.

Сега се појави информација дека сликата која очигледно нема да биде изложена во музеј, се наоѓа на јахтата „Серен“ која е во сопственост на принцот Бин Салман. Јахтата последен пат била забележана во водите на Црвеното море и се наоѓала недалеку од популарното египетско летувалиште Шарм Ел Шеик.

Иако отвореното море можеби и не е најдоброто место за чување на слика со ваква вредност, сепак не е невообичаено најбогатите луѓе на светот своите луксузни јахти да ги украсуваат со вакви скапоцености.


Поврзани вести

Back to top button