Откриени се најголемите тајни на масоните во драматична исповед на поранешен масон
околку навистина сакате да се здобиете со мудроста на мајсторите, повелете, подадете ја вашата десна рака над книгата на уставот на нашиот ред при што ветувате дека ќе го почитувате, како и браќата кои ќе ги браните по цена на својот живот. На крајот од искушенијата низ кои ќе поминете ќе го потпишете тоа ветување..”
Ова е само еден дел од примањето на нов член во редот на Масоните кој го опишува Морис Каил, француски доктор кој со сите сили се обидувал да влезе во нивниот ред за после 15 години да ги сфати своите заблуди, да најде вера во Бог и да излезе од тој мистичен свет, па сега живее под заштите во Франција. Како некогашен Масон на висока позиција, Морис ја напишал книгата “Бев Масон – од темната ложа до светлината на верата” во која го опишува својот драматичен животен пат кој всушност го започнува кога одлучува да ги прекине врските со тој свет.
Тој бил атеист, активен во Социјалистичката партија, а како гинеколог извршувал абортуси и стерилизација. Привлечен од ветувањето “подлабоко знаење”, возвишено знаење и желбата за склучување на влијателни познаници влегол во ложата на масоните во која речиси 15 години се качувал од едно скалило на друго, од чирак до најистакнатиот мајстор на ложата Големиот Ориент на Франција – истовремено се подлабоко укопувајќи се во езотеричното и окултното.
Воведен во тајните учења, станал дел од мал круг на избраници и на овој начин добил увид во коруптивните активности на тајната Масонска организација и нејзиниото скриено политичко влијание, кое резултира со уништување на општеството – диригирано од Масоните кои се сместени на највисоките позиции и во политиката и во медиумите и во сите други сегменти на општеството.
По чудесната конверзија во Лурд, која ја опишува до последен детал во оваа книга, одлучил да ја прекине врската со Масоните. Од тој момент се повеќе започнал да станува свесен за злото кое го направил и ги открива моќните сатански влијанија во тајните масонски кругови кои се кријат зад маски на филантропија, хуманизам и толеранција. Излезот од ложата целосно го сменил неговиот личен и професионален живот и тука започнуваат потешкотиите и вистинскиот прогон: вознемирувања, отпуштања и континуирани пречки за продолжување на докторската кариера, а единствена поддршка во борбата против моќните непријатели е новооткриената вера. Тие не ги изоставиле ниту смртните закани, поради кои денес мора да живее под заштита.
За се ова тој ексклузивно пишува во оваа тензична животна приказна укоричена во книгата “Јас бев Масон” од која извадивме неколку делови.
“Ми го соблече сакото и вратоврската и околу врат ми стави јамка. Потоа ми ја разголи левата рака и ми ја раскопча кошулата од левата страна на градите, ми ја завитка десната ногавица од панталоните се до коленото и ме замоли да ја соблечам левата кондура. Сигурно сум изгледал прилично смешно, јас – тој што најмногу внимава на својот изглед, на квалитетот на сакото и вратоврската. Подобро ќе беше да ме облечат како кловн отколку вака, се почувствував понижено.”
Морис редовно присуствувал на состаноците и добро ги изведувал сите ритуали, па по само една година го предложиле како асистент. Паралелно со тоа, тој влегол во политиката во која открил како всушност функционира ова братско помагање помеѓу масоните и како се носат закони кога имаш свои луѓе на високи, клучни позиции.
“На почетокот на октомври бев избран за голем мајстор на својата нова ложа и започнав да носам сина јака, симбол на авторитет. Водев работи, истраги и иницијации. Бидејќи во нашиот регион, многу кандидати беа крстени и имаа темелно католичко образование, секогаш ги прашував дали се подготвени да започнат да се сомневаат во црковните догми и да ги прифатат масонскиот принцип на толеранција, отвореност и секуларизмот. Бев именуван и за делегат во националната легислатива Собранието на Гранд Ориент”, пишува во својата книга.
“откако во ноември го прифатија поголем број министери, во декември беше изгласан “Закон Веил”. Пратеници и сенатори масони од десницата и левицата едногласно го изгласаа. Ова прашање дојде и пред Уставниот совет кој го одобри текстот, па законот стапи на сила на 17-ти јануари 1975-та година. Во согласност со моите јавно изнесени ставови изразив намера да го применувам новиот закон кој заедно со своите “браќа” го посакував потајно и кој беше подготвен во ложата.”
Благодарение на фактот дека бил Масон, Морис напредувал во професионалниот живот, а својот професионален напредок го сметал за нормално. Акумулирањето на многу функции го доживувал како “Слава на овој свет”. Успеал во 1982-та година да стигне до осумнаесеттата фаза – да стане витез.
Неговата слава ја нарушувала само една сенка, како што сам кажува – кога во 1983-та година му се разболела сопругата. Како што еден проблем ретко доаѓа сам, така и Морис набрзо доживеал шок кога пријателот и брат-масон кој воедно му бил и директор му кажал – “Готов си!”
Таа реченица паднала како сечилото од гилотина и толку го скшила што одвај можел да разбере што му кажал потоа, иако се обидувал да го замолчи импулсот на артериите во своите уши и црвенилото кое започнало полека да му го прекрива лицето.
“Да, изгубив секаков авторитет над своите вработени, па дури и секој контакт со нив само поради тоа што помеѓу мене и нив се растегна завеса, ме сфаќате?”
Морис не знаел каде погрешил и што не е во ред, а пријателот и брат масон со кој биле куќни пријатели му дал 48 часа да ја поднесе својата оставка, велејќи дека тој има еден куп на сведоштва против него и неговата сопруга, но никогаш не му ги покажал.
Повеќе од ненадејниот пад на работа го загрижувало здравјето на неговата сопруга кое постојано се влошувало, па тој и’ предложил да оди во Лурд, присеќавајќи се како некои лекари на своите пациенти им препорачувале да ја променат климата ако ништо друго не помага.
“За време на масонскиот период сфатив дека во природата и во човекот постојат некои свети димензии кои мора да се почитуваат за да се зачува редот наспрема хаосот. За мене мисата беше обичен ритуал, секој човек може да поттикне да воспостави ред во и околу себе, и ништо повеќе од тоа.”
“Слушав внимателно. Во еден момент свештеникот на мисата во Лурд стана и свечено прочита: “Барајте и ќе ви биде дадено, барајте и ќе најдете, тропнете и ќе ви отворат.. тоа е Господ.”Бев како удрен од гром: таа реченица која ја слушнав уште за време на првата иницијација и која ја изговарав несвесно кога го цитирав свештеникот, таа всушност се однесува на Исус, кој го сметав за голем мудрец или иницијат но не и за Бог. Дојдов да барам, да учам, да пишувам потполно несвесен за сериозноста на мојот потег. Си се вратив сам на себе во тој момент кога свештеникот го подигна лебот – тогаш за прв пат во мојот живот го препознав Исус во тоа скромно парч леб. Светлината која залудно ја барав во толку многу иницијации.”
Иако одлучил да ги напушти Масоните, сепак се вратил во нивната ложа “да ја провери нивната прочуена толеранција и пријателство на браќата” па одржал предавање под наслов “Исус – митска фигура или иницијат?” Дочекал да го види ѕидот на тишината. Тој постепено престанал да оди во ложата и побарал боледување. Управата го отпуштила па на 54 години се нашол на улица. За среќа, не го загубил верувањето во Бога.
Ја обновил медицинската практика и започнал да работи приватно. Но браќата масони ни тогаш не го оставиле на мир – “За време не мојата обновена медицинска практика во нашата ординација во неколку наврати доаѓаа моите поранешни браќа од ложата под најразлични изговори – најчесто и без вистинска причина. На почетокот и некои исцелители ни ги праќаа нивните пациенти. Еден од нив ни раскажа како неговата група била запрепастена од фактот дека нивните окултни собири, чија цел била да го вратат на нивните состаноци, останала без ефект. Во една друга прилика не извести дека нема да ни ги праќаат веќе своите пациенти бидејќи после нашите молитви повеќе не можат да работат на нив (се мисли дека по нашите молитви не можат на нив да направат било какви окултни практики.) Евангелието јасно кажува дека Исус е победник!”, заклучува Морис во својата возубудлива исповед.