Мистерии

Откриен вавилонски текст кој што ја менува историјата на човештвото

Меѓутоа, преведените текстови покажуваат дека древните астрономи користеле многу понапреден метод, кој претходел на развојот на инфинитезималното пресметување по илјада години.

vavilonski tekst

Добро е познат фактот дека Вавилонците биле вешти математилари и астрономи, кои го чувале своето знаење на стотици глинени табли. Сепак, кога астроархеологот Матје Осендривер од Универзитетот Хумболт во Берлона превел текст за Јупитер кој до сега никогаш не бил проучуван, открил нешто навистина фрапантно.

За да го следат движењето на гасниот џин на небото, Вавилонците користеле геометериска техника т.н. процедура на трапез, која е камен темелник за инфинитезималните равенки. Се до сега, се верувало дека овој метод бил развиен околу 1.400 година подоцна, во Европа.

„Ова покажува дека оваа древна култура била исклучително напредна. Мислам дека никој од нас не можел да очекува дека вакво нешто ќе биде откриено во вавилонски текст‟ – вели Осендривер.аст

Преведениот текст припаѓа на колекцијата од илјадници глинени таблици, напишани на клинесто писмо и ископани во 19 век во Ирак. Преведувајќи и проучувајќи ги во последните 100 години, археолозите научиле многу за древниот Вавилон, меѓу другото и за нивниот напреден астрономски систем.

Освен гледањето и следењето на ѕвездите, вавилонските астрономи биле и свештеници кои верувале дека сите настани на Земјата, времето, цената на пченицата, нивото на реките, се поврзани со движењето на планетите и другите небесни тела. Ниту една од небесните сили кои влијаеле на нашиот свет од горе, не била толку важна како Мардук, заштитникот на Вавилон, кој бил поврзан со Јупитер.

Осендривер објаснува во своето истражување, објавено во списанието Science, дека постојат околу 340 вавилонски табли полни со податоци за положбата на планетите и нивните сателити. Уште 110 табли се чисто од процедурална природа со инструкции кои ги опишуваат аритметичките операции користени за пресметување на положбата на небесните тела.

Една колекција, поточно четири табли за Јупитер, содржи процедури за пресметување на положбата на најголемата планета во Сончевиот систем по одредена крива линија. Овие текстови се фрагментирани и по многу децении нивното астрономско значење поминало незабележано.

Меѓутоа, Осендривер во 2014 година нашол инструкциска табла за користење на колекција на таблици за Јупитер. Собирала прашина во Британскиот музеј од 1881 година.

Сега веќе декодираниот „текст А‟ опишува процедурални пресметувања на елипсовидното патување на Јупитер. Според текстот, Вавилонците ја следеле брзината на Јупитер со текот на времето и го одредувале патот изведувајќи го од временско-брзинската крива линија.

Се до сега, најраното потекло на овој концепт датирало од Европа кон средина на 14 век.

Поврзани вести

Back to top button