Живот

Откако сите во семејството и починале од дебелина одлучила да стане секс бомба

Многу жени страдаат од вишок килограми, а тоа носи и сериозни здравствени проблеми. Потребна е силна мотивација на жените за да се изборат со овој проблем и да го променат својот живот. 

Мери Максвел се освестила кога три члена од нејзиното семејство починале како последица од дебелината, па сфатила дека и таа така ќе заврши ако нешто не превземе.

Таа уште како дете била посвоена од роднина, бидејќи нејзините мајка и татко починале од срцев удар поради дебелината. Мери уште од рано детство имала проблем со тежината. На свои две години имала 22 килограми, а на 12 години веќе имала 100 килограми. најлошиот момент во животот и бил кога достигнала 135 килограми, пишува The Sun.

Но животот понекогаш сам по себе тргнува во добра насока. Мери го пронашла човекот на нејзиниот живот, што тоа ја мотивирало да размислува за својата иднина.

debelina

Нејзиниот пријател Џокс Паркер го повикала на кафе и набрзо силно се заљубиле еден во друг.

– Започнав сериозна врска и иднината одеднаш ми стана реална. Знаев дека сакам да останам жива и здрава за да имам семејство. Не сум сакала да бидам како своето семејство и да умрам млада. Дојде време за промена, се сеќавава Мери.

На 20 години одлучила да вгради желудечен бајпас и да го промени начинот на живот. Почнала да патува и да се занимава со спорт. Изгубила 75 килограми, но се уште не ги решила своите проблеми. Слабеењето и оставило несакани ефекти како на пример вишок на кожа, што кај Мери тоа предизвикува чуство на срам и желба да не сака да излезе од дома. Поради тие проблеми Џокс бил принуден да го одложи запросувањето бидејќи таа не сакала да го прикаже таквото своето тело во венчаница.

debelina1

Меѓутоа најважно е што нејзината здравствена состојба е стабилна и сега собира пари за остранување на кожата.

 

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button