Избор на уредникотФото

Освен автомобили се палат и видиковците на Водно

Видиковецот на врвот на Водно целосно е уништен од непознати сторители. На видиковецот кој се наоѓа на јужната страна на Водно, урната е дрвената конструкција, а потоа истата е кршена и палена.

„Град Скопје апелира до граѓаните да ја чуваат и одговорно да се однесуваат со поставената урбана опрема во парк-шумата Водно и на сите други јавни површини во градот“, велат од Град Скопје.

Изминатите месеци низ Скопје беа запалени 100 контејнери. Откако беа поставени новите контејнери веднаш неколку од нив беа уништени. Случаите на запалени контејнери се пријавени во Министерството за внатрешни работи, но досега ниту еден сторител не е најден ниту казнет.

 

Поврзани вести

Back to top button