Осудена на смрт само затоа што е Христијанин: Лажно ја обвиниле дека го навредила пророкот Мухамед, па се наоѓа во затвор веќе 10 години
Врховниот суд на Пакистан го одложи носењето на пресудата во завршната жалбена постапка по повод пресудата за егзекуцијата на Азија Биби, Христијанка која што е осудена на смрт поради богохулие.
Азија Биби, инаку мајка на пет деца, во 2009-та година била обвинета, а во 2010-та година осудена на смртна казна. Откако било одбиено нејзиното прво барање за укинување на смртната казна, таа упатила жалба до Врховниот суд.
Судскиот совет составен од три члена ја одложил пресудата и ги предупреди медиумите да не шират шпекулации за случајот се додека не биде објавена пресудата со сите детали. Од судот не го откриле точниот датум кога ќе биде донесена пресудата.
Адвокатот на Азија Биби, Сајфул Мулук претходно го известил судот дека постапката се заснова на вербален конфликт околу чинија за вода помеѓу неговата клиентка и група на муслимански жени, кога таа, наводно, го навредила пророкот Мухамед.
Биби работела на поле кога некој побарал да му донесе вода. Муслиманските со кои што работела се побуниле, сметајќи дека не-муслиманка не смее да го допре садот за вода. Тие потоа го посетиле локалниот имам и ја обвиниле Биби дека го навредила пророкот Мухамед.
Таа упорно ги отфрла обвинувањата, а нејзините адвокати тврдат дека таа само се скарала со соседите, а тие во неколку наврати дале контрадикторни обвинувања.