Oстров во Грција ви нуди куќа, земјиште и 500 евра месечно, само да живеете таму (ФОТО)
Со помош на Православната Црква, започна кампања за репопулација, односно за пронаоѓање на нови семејства, подготвени да се преселат во овој мал, но прекрасен остров.
Доколку отсекогаш сте сонувале да си заминете од дома и да живеете во рај на земјата, тогаш вашата шанса пристигна: Идиличен грчки остров бара жители.
Грчкиот остров Керигото или Антикитера е дваесет километри квадратни, а е со смарагди води и едно единствено село, Потамос, кое исто така служи како главно пристанише и место за пристигнување во островот.
За жал, во овој остров живеат само околу четириесет луѓе во моментов. Поради оваа причина, со помош на Православната Црква, започна кампања за репопулација, односно за пронаоѓање на нови семејства, подготвени да се преселат во овој мал, но прекрасен остров.
Процесот на селекција е претпазлив и му се дава приоритет на грчкиот народ, но кој и да биде избран, му се дава куќа, парче земја за да започне земјоделска дејност или да гради бизнис и месечна плата од 500 евра за најмалку тригодишен престој. Не е лошо, имајќи предвид дека тоа е исто така прекрасно место.
Ако сакате да живеете во мир и спокојство на рајски остров, тогаш Антикитера е местото за вас. Островот е два часа далеку од Крит со траект, пренесува Топ Чанел.