Оргиите со тајкунот ја чинеа живот, Ивана пронајдена гола на платото од облакодерот (ФОТО)
Поминаа речиси пет години од смртта на 18-годишната холандска манекенка Ивана Смит, а ужасните околности на нејзината смрт во Куала Лумпур сè уште се обвиени со мистерија.
Што се однесува до самата полиција, случајот со смртта на манекенката Ивана Смит (18) не е нималку драматичен како што тоа го прави јавноста. Според нивните теории, младата Ивана паднала од 20-ти кат или според други верзии на приказната се самоубила. Меѓутоа, холандските истражители ангажирани од родителите на девојчето заклучиле дека приказната не е толку едноставна. А се чини дека со тоа се согласуваат и некои малезиски истражители, кои по неколку месеци решија да зборуваат за неуредната истрага, благото испрашување и сомнително сведочење на еден тајкун и неговата сопруга кои и правеа друштво на моделот до нејзината смрт.
Ивана Смит
ФОТО:ФЕЈСБУК
Немилиот настан се случи на 7 декември 2017 година откако Ивана Смит беше пронајдена гола на платото на облакодер во луксузен кварт во Куала Лумпур.
Ивана во 5 часот и 22 минути наутро е снимена во ноќен клуб во друштво на американскиот тајкун Александар Амадо Џонсон (45) и неговата сопруга Луна Алмаз (31). Младата девојка била во речиси онесвестена состојба, а парот буквално ја изнел од ноќниот клуб. Два часа подоцна Смит на своето момче му испратила селфи со Луна и порака да се одмори малку.
Ивана Смит
ФОТО:ФЕЈСБУК
Меѓутоа, два и пол часа подоцна Ивана била мртва. Полицијата верува дека во 10 часот наутро девојчето паднало низ прозорецот, а нејзиното тело било пронајдено 5 часа подоцна на петтиот кат од зградата. Таа била гола, а во телото било пронајдено големо количество алкохол, кокаин и екстази.
Понатаму, и Џонсон и Алмаз тврдеа дека со Смит биле во врска со недели и не знаеле дека таа има само 18 години. Она што е интересно во целата приказна е токму реченицата на брачната двојка која во полиција изјавила:
– Мислевме дека само излегла од нашиот стан…
Меѓутоа, очигледно не им било сомнително што Смит во станот ја оставила облеката, обувки, мобилен телефон, чанта… Најлошо од се е што не и било чудно ниту на малезиската полиција.
Ивана Смит
ФОТО: ФЕЈСБУК
Секако, во фокусот на овој немил настан веднаш паднаа тајкунот и неговата сопруга, кои никогаш не негираа дека имале сексуални односи со 18-годишната девојка, но уште од почетокот тврдеа дека не знаеле што се случило и дека цело време мислеле дека само си заминала.
Сепак, за жал на богатата брачна двојка, холандските истражители не се откажале од Ивана Смит, која веднаш по обдукцијата открила дупки во целата приказна.
-Нема сомнеж дека нешто и се случило пред самиот пад. Или се лизнала или некој ја удрил во глава. Најдовме неколку модринки и гребаници на главата кои не се предизвикани од падот од балконот. Вакви лузни се можни само додека сте живи, изјавил патологот Френк ван де Гот.
Ивана Смит
ФОТО:ФЕЈСБУК
Таткото на девојчето, Марсел Смит, исто така рече дека видел огромни модринки на нејзиниот врат.
– Како некој да ја грабнал – рекол Смит, кој посочил уште неколку нелогичности во случајот.
– Паднала во 10 часот, а нејзиното тело е пронајдено дури во 15 часот. Како е можно?! Исто така, таа е висока 1,81 метри, а оградата е висока 1,20 метри. Речиси е невозможно да се падне преку неа. И верувајте, таа не скокнала намерно…
Случајот повторно се најде во фокусот на малезиските медиуми откако полицаецот кој прв ги испраша Џонсон и Алмаз даде изјава за „Малезија денес“.
– Ги прашав каде е нивната пријателка Ивана. Рекоа дека не знаат, но веднаш почнаа да бараат нешто во станот. Ја отворија вратата и ѕиркаа во плакарите, пикнаа нешто под креветот… Потоа рекоа дека мислеле дека заминала, а дека порано им кажала дека има закажано состанок во 10 часот – изјави Фаизал Абдула, кому му се појавиле сомнежи, откако со свои очи ги видел алиштата и мобилниот на мртвата девојка сред дневната соба.
– Како може гола да го напушти станот, каде е логиката?!
Абдула рече дека испрашувањето продолжило во станицата, но парот одбил да одговори на прашања.
Неговите зборови само ги потврдија тврдењата на адвокатите на семејството кои уште од почетокот рекоа дека полицијата е преблага кон брачната двојка и дека тоа е прикривање на злосторството.
Пресудата за одговорноста на парот за смртта на Ивана Смит требаше да биде изречена на 22.08.2019 година, но по најновиот судски преглед, виновникот се уште не е познат.
– Зошто не ги задржаа!? Не одговорија на ниту едно прашање, а ги пуштија да избегаат од државата. Сега се е готово…
Џонсон е по потекло од Хјустон, но во последните десет години живее во Малезија.
Се верува дека тој се вратил во САД во март оваа година.