Избор на уредникотСвет

Орбан: Големите акционери на енергетските компании, почнувајќи од Џорџ Сорос, профитираат милијарди од енергетската криза

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека во Брисел ги лажеле луѓето од Европа кога рекле дека санкциите против Москва нема да се прошират на енергетскиот сектор и дека тие ќе доведат до брз крај на војната во Украина, јави МТИ.

– Големите акционери на енергетските компании, почнувајќи од финансиерот Џорџ Сорос, остваруваат милијарди дополнителни профити благодарение на порастот на цените на енергенсите поврзани со санкциите, изјави Орбан за националното радио.

Тој додаде дека граѓаните во Европа во моментов плаќаат високи цени за енергија поради санкциите, што ја прави иднината нестабилна. Според него, цените на енергијата се водени од политички мотивирани одлуки во Брисел, а не од економски причини.

– Без санкции, цените на енергијата би биле исти како во април, кога се очекуваше да се стабилизираат на околу 100 долари, рече Орбан.

Тој изјави и дека е неизвесно дали ситуацијата уште повеќе ќе се влоши со оглед на тоа што ЕУ сака да воведе нови санкции за Русија.

Поврзани вести

Back to top button