„Опасен вирус ќе убие 30 милиони луѓе за една година“
Бил Гејтс на Конференцијата за безбедност во Минхен држеше говор во кој предупреди дека човештвото е под закана на ширење на страшна епидемија предизвикана од синтетички креиран вирус или пак биолошко оружје распространети од терористички организации во конфликтните зони.
Гејтс смета дека присуството на тероризам може значително да ги спречи медицинските тимови за справување со заразни болести и дека во рок од една година може да умрат дури 30 милиони луѓе што би било невидена катастрофа.
Затоа Гејтс преку неговата добротворна организација се залага за развој на подобри вакцини и поголема достапност на медицинска нега, но апелира до светските влади да ги земат во предвид овие црни прогнози кои се сосема реални со цел да се спречи голема трагедија.