Избор на уредникотМакедонија

Омер Буњаку водачот на Шверцерите кој претепа Македонец затоа што во неговото кафуле се пушталo македонска песна стана советник во македонската Влада(ВИДЕО)

Омер Буњаку, предводник на „Шверцери“, и Шпат Касапи, популарен пејач, од 13 ноември годинава се советници на првиот вицепремиер во Владата и министер за политички систем, Артан Груби, пишува „Призма“.

Биографијата на Буњаку е кратка, има едвај 70 збора, а половина од нив се потрошени да се опише ангажманот како актуелен советник на Груби. Тој, наведува „Призма“ повикувајќи се на биографијата добиена од Владата, дипломирал туризам и менаџмент, директор е на фудбалскиот клуб Шкупи, а покрај македонски и албански зборува и англиски и турски јазик.

„Буњаку е познат како предводник на навивачката група „Шверцери“, истата група чиј основач бил Груби. Има ‘сочно’ полициско досие и проблеми со законот од 2011 година. Сегашниот советник на Груби учествувал и во тепачките на Кале во 2011 година за изградба на црквата-музеј. Не само што учествувал, туку тогашниот заменик-министер за полиција, Џевад Бучи, привремено го ослободи, кога пред телевизиските камери му ги извади лисиците. Потоа неговото име се најде во пресудата за педесетина осудени за овие инциденти што ја вознемирија јавноста и долго ги разбрануваа меѓуетничките односи пред една деценија. По објавата на пресудата за осудените, јавно со осуда реагирале и Груби и лидерот на партијата, Али Ахмети“, пишува Призма.

По објавата дека првиот вицепремиер го именувал за свој советник лицето Омер Буњаку кој имал полициско досие на социјалните мрежи се појави видео од 2014 година во кое се гледа неговото апсење.

“Насилниот скопјанец за инцидентите на Калето беше третообвинет и доби условна казна од 7 месеци затвор доколку повторно направи кривично дело во рок од 2 години. Пресудата за Омер Буњаку е изречена на 12-ти март 2013-та што значи дека притворениот за време на насилниот упад во барот „Њу Орлеанс“ бил под условна пресуда и сега ќе мора да ја одлежи тогаш изречената казна. Тој заедно со уште еден припадник на Шверцерите сега доби кривична пријава за насилство затоа што биле дел од групата кои поради македонската песна „Распукала Шар Планина“ го демолираа барот во скопската чаршија „Њу Орлеанс“ и ги нападна ди-џејот, гостите и келнерките”, пишуваше Канал 5 пред 6 години.

Поврзани вести

Back to top button