Океаните се загреваат како да фрлате пет атомски бомби во вода секоја секунда
Океаните во светот сега се загреваат со иста брзина како пет атомски бомби какви што биле фрлени на Хирошима, да се фрлаат секоја секунда во водата, објавиле научниците.
Минатата година температурата на океаните достигнала рекордна висина и постојано се забрзува стапката на загревање, покажуваат резултатите од истражувањата објавени во кинескиот магазин “Напредок во атмосферските науки”.
Се наведува дека температурата на океаните минатата година била околу 0,075 Целзиусови степени повисока од просекот помеѓу 1981 и 2010 година. Според пресметките на научниците, за да ја достигне наведената температура, океанот морал да преземе 2,6 милијарди пати поголема жештина од количината која била испуштена при бомбардирањето на Хирошима.
“Измерената температура на океаните е неоспорна и е понатамошен доказ за глобалното затоплување”, нагласил водечкиот автор на магазинот, Ченг Лиџинг, професор на Институтот за атмосферска физика на кинеската Академија на науките.
Истражувачите, исто така, ги споредиле податоците од периодот помеѓу 1987 и 2019 година со периодот од 1955 до 1986 година. Било утврдено дека во изминатите шест децении, најскорешното топење е за околу 450 отсто повисоко од претходно, што укажува на брзата стапка на глобалните климатски промени.