Официјална потврда од МВР: Пронајденото безживотно тело е на Снежана Тројачанец

Објавено: среда, 6 декември 2017 во 18:36
Spread the love

МВР за Курир и официјално потврди дека женскиот леш кој е пронајден денеска околу 13 часот во близина на улицата Скупи е на исчезнатата Снежана Тројачанец.

Како што информираат од Министерството женското тело е пронајдено на местото каде реката Серава се влева во Вардар, а од МВР се работи за утврдување на причините за смртта.

Инаку Пред еден час, на социјалните мрежи беа објавени неколку статуси од блиски роднини на Снежана преку кои информираа дека жената била пронајдена почината во Вардар.