Македонија

Од утре дожд и снег и постудено

Локални врнежи од дожд и снег најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за утре кон крајот на денот и во среда. Врнежите ќе почнат од западните и северозападните делови.

Според УХМР, значителна промена на времето се очекува од четврток кога поради изразено северно воздушно струење, ќе биде студено со врнежи од снег и засилен, повремено силен северен ветер. Насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините и до 50 сантиметри, а поради силниот ветер на места ќе има и снежни наноси.

Во петок и во деновите од викендот температурите ќе бидат многу ниски и насекаде под нулата.

Поврзани вести

Back to top button