Од религиски причини, Иванка Трамп морала да бара дозвола да се вози со автомобил
Иванка Трамп, која после венчавката станала Еврејка, морала да бара посебна дозвола за денот на инаугурацијата на нејзиниот татко да користи автомобил.
Според еврејските правила, за време на шабат (од петок навечер до сабота навечер), верниците не смеат да се возат со автомобил, ниту да користат каква било технологија.Иванка и сопругот Џаред на денот на инаугурацијата се возеа со лимузина, а објавиле и неколку фотографии на социјалните медиуми. Но, за „прекршување“ на правилата брачниот пар побарал и добил дозвола од рабин, објави „Индепендент“.
Им било дозволено да користат автомобил заради нивната безбедност. Слична дозвола добиваат и еврејските хирурзи и војници кои користат автомобил додека се на должност, исто така заради заштита на живот.