Избор на уредникотМакедонија

Од четврток температурен шок, еве какво време не очекува

Во текот на утрешниот ден, како и во среда сеуште ќе имаме релативно топло време, иако истите ќе бележат тенденција на незначителен пад и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени. Времето ќе биде променливо облано, утре со повремени локални врнежи од дожд а локално ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец.

Во среда преку денот ќе има услови за слаб локален дожд, додека повеќе врнежи ќе има во текот на ноќта и во четврток претпладне.

Во среда ветерот сеуште ќе биде од југозападен правец, додека во текот на ноќта среда кон четврток и во четврток ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, со што од север ќе се спушти значително постуден воздух со што, во текот на ноќта среда кон четврток и во четврток претпладне на највисоките планински места можно е ново провејување на снег.

Веќе во четврток максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот само од 15 до 23 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

Поврзани вести

Back to top button