Македонија

Oбвинетиот во случајот „Монструм“ поради кој се одложи денешното рочиште e во бегство?

Фејзи Азири кој е обвинет во случајот „Монструм“ и поради кој се одложи денешното рочиште за случајот „Монструм“ во затворот во Штип се води како осуденик во бегство. Оваа информација за МКД.мк ја потврди директорот на штипскиот затвор, Мики Тодоров.

Првиот човек на штипскиот затвор во телефонски разговор вели дека лицето Фејзи Азири кој во затворот во Штип издржува казна за друго кривично дело по истекот на прекин на казната не се вратил назад во затворот.

„Фејзи Азири имаше прекин на казната од 30 јануари до 28 февруари годината кој му беше доделен од министерот за правда. По истекот на прекинот тој не се врати назад во затворот, ниту го оправда своето отсуство со било каков писмен документ. Ние го известивме судот и Управата за извршување на санкции и по закон треба да се распише потерница. Ние овде го водиме како лице во бегство“, ни изјави директорот на затворот во Штип, Тодоров.

Поврзани вести

Back to top button