Свет
Околу 3.500 луѓе во Ирак се третираат како робови на Исламска држава
Обединетите нации веруваат дека припадниците на Исламска држава во Ирак држат во ропство околу 3.500 луѓе, најголем дел од нив – жени и деца.
Во соопштение на Мисијата за помош од ОН за Ирак и Канцеларијата за човекови права на ОН, најголем дел од робовите се од етничката група Јазиди како и припадници на други етнички и религиозни малцински заедници.
– Голем дел од злоставувањата што ги извршија џихадистите може да се споредат со воени злосторства, злосторства против човештвото и евентуално геноцид, се додава во соопштението.