Фото

Oбама: Ќе се молам за прогонуваните христијани во земјите окупирани од Исламска држава

Aмериканскиот претседател Барак Обама вчера изјави дека тој и неговата сопруга Мишел се молат за прогонуваните христијани, додека светот се подготвува да го пречека Рождеството Христово, пренесоа британските медиуми.

обама

Окупирањето на некои територии во Сирија и Ирак од страна на Исламска држава значи дека христијаните таму нема да можат да празнуваат, посочи Обама.

-Во некои земји од Блискиот исток, каде црковните камбани со векови ѕвонеле на Божиќ, годинава ќе треба да замолкнат. Тоа молчење е трагично свидоштво за бруталните напади изведувани врз овие заедници од страна на ИД, изјави Обама во својата божиќна порака, испратена од Белата куќа на Хаваите, каде семејство Обама се подготвува за прославување на Божиќ.

Претседателот е подложен на критика од страна на републиканците во Конгресот и во рамки на кампањата на претседателските кандидати за попустлив однос кон имигрантите кои бегаат од ИД, од кои мнозинството се муслимани. Републиканскиот претседателски кандидат, сенаторот Тед Круз, предложи само бегалци христијани да бидат пуштани да влезат во САД, образлагајќи го тоа со фактот дека тие не и се закануваат на националната безбедност на начин како што тоа го можат муслиманите.

Поврзани вести

Back to top button