Познатиот српски водител Огњен Амиџиќ и манекенката со македонско потекло, Данијела Димитровска, летово објавија дека се разведуваат со заедничко соопштение и додадоа дека повеќе нема да се огласуваат на оваа тема, а инаку заедно го имаат нивниот син Матија на кој максимално му се посветени.
Откако пред три месеци, се разведе од водителот, Данијела е поактивна на Инстаграм каде често споделува фотографии.
Таа ја осветли косата и се посвети на себеси, на нејзиниот изглед и работата, секако и синчето.
Данијела и Огњен покажаа дека се зрели луѓе кои заеднички сфатиле дека завршила љубовта и дека во случајов разводот е здравата опција.