Uncategorized

Новак Ѓоковиќ ѝ се обрати на Jелена: Драга, мораме да правиме уште бебиња!

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, имаше интересна изјава по победата во првиот круг на „Аустралијан опен“.

Nole-450x300

Ѓоковиќ фуризоно тргна во одбрана на титулата, откако во првиот круг го победи Њонг Чунг од Јужна Кореја 6:3, 6:2, 6:4. По завршетокот на мечот, Ноле разговараше со Џим Кури на теренот, кој го праша дали имал време да размисли за постигнатото во 2015-та година.

„Тоа беше најдобрата година во мојот живот и кариера. Отакако станав татко, сè ми тргна на подобро“, изјави Ѓоковиќ. Потоа се заврте кон својата ложа и рече:

„Драга, претпоставувам дека ќе мора да направиме уште деца.“

По краткиот аплауз, додаде:

„Веројатно ќе бидам критикуван поради ова… Да се вратиме на тенисот. Имав исклучителна сезона. Немав многу загуби, се трудев да останам здрав и да го одржувам нивото на играта на теренот. Секоја година почнува тука во Мелбурн. Сезоната ја почнав одлично со понедата во Доха и се надевам дека ќе имаме и други можности да разговараме тука“, рече Ѓоковиќ.

Поврзани вести

Back to top button