Избор на уредникотМакедонија
Нов инцидент со ножеви во Скопје, малолетник ранет во тепачка кај Бит-пазар
Серијата инциденти и тепачки меѓу средношколци во Скопје, во кој има избодени со нож, продолжила вчеравечер, кога во болница бил примен малолетник ранет од двајца други малолетници во близина на Бит-пазар.
„На 04.10.2022 во 22.21 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски” бил донесен малолетник од Скопје со повреда од остар предмет. По преземени мерки било констатирано дека малолетникот на подрачјето на Бит-пазар бил повреден од други двајца малолетници од Скопје, со кои имал претходни недоразбирања“, се вели во билтенот на МВР.
Полицијата вели дека презема мерки за расчистување на случајот.