Никола Груевски и Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги донесе, СДСМ иако вети не ги укина, економските директори пример за партизација и паразитско функционирање
Власта не само што не го исполна ветувањето од 2016 година дека ќе ги укине економските директори, кои беа како реформа донесени за време на владеењето на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ на клиниките низ Македонија, туку сега предизборно вработува и нови наспроти најaвата на поранешниот министер за здравство, Фатмир Меџити дека од 1 јануари 2024 година економски директори нема да има. Така пред еден месец, еден ден откако стапи на функција новиот министер Илир Демири, назначени се организациски директори на клиниките за токсикологија, неврологија, ендокринологија, стоматологија и физикална. Извори за МКД.мк велат дека некои од назначените директори воопшто не се соодветни за местото на кое се назначени.
Новоназначената економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Илјази не знае македонски јазик, па кога мора да соработува со колегите, преведувачи ѝ се двете секретарки врботени во оваа клиника, дознава МКД.мк од извори во клиниката. Дополнително, велат тие, таа не ретко на работа доаѓа со својот татко кој постојано е со неа како да е нејзино обезбедување.
„Ја видовме само еднаш кога дојде да се претстави. Тоа што го кажуваше го читаше од ливче на исклучително лош македонски јазик. Неколку пати ја видовме како низ ходниците оди со татко ѝ кој личи како да е нејзино обезбедување“, велат нашите извори.
Од Министерството за здравство добивме кус одговор дека Иљази е назначена за директорка на Клиниката за токсикологија на 14 февруари годинава.
И додека речиси и да нема клиника која нема долгови, а власта сѐ уште ги укинува, десетици економски директори заминале за Барселона на некакви обуки, вест што од Министерството за здравство ја кријат како змија нозете.