Мистерии

Ни претстои ли катаклизма, во 2017 „Нибиру“ влегува во нашиот сончев систем?

Во последно време низ светскиот интернет простор сѐ почесто се пишува за планетата Нибиру, (односно Планетата девет или Планета Х).

Како што наведуваат вестите, таму некаде, надвор од границите на нашиот сончев систем, постои огромна планета што многумина ја нарекуваат Нибиру. Речено е дека нејзиното доаѓање во нашиот сончев систем со себе ќе донесе катаклизмички последици и огромни промени во атмосферата.

Но, која е реалната вистина за планетата Нибиру? Дали таква планета навистина постои? Или нејзиното постоење, како и тврдењата дека таа ќе влезе во нашиот сончев систем кон крајот на 2017 година се само уште една раширена теорија на заговор?

Рускиот лингвист и истражувач на Светите книги, Захарија Сичин, Нибиру ја опишува како дванаесетта планета во нашиот сончев систем, според сумерската астрономија. Забележува дека таа е дом на екстремно развиена вонземска раса наречена Анунаки.

Интересен е фактот што околу можноста за постоење на планета со слични карактеристики, која гравитира на маргините на нашиот Сончев систем, пишуваат огромен број електронски и печатени статии.

Во 2008 година јапонски научници изјавија дека според нивните пресметки би требало да постои неоткриена планета на оддалеченост од 100 астрономски единици (1 астрономска единица = 149,597,870 km), и е за околу две третини поголема од Земјата.

За мистериозното небесно тело сериозен интерес уште одамна пројавија и повеќе светски новински агенции.

Во 1983 година, Вашингтон пост објави: „Небесно тело со димензии приближни на планетата Јупитер, кое биможело да биде толку блиску до Земјата што има тенденција да стане дел од нашиот Сончев систем, е откриено во правец на соѕвездието Орион.“

Податоците се утврдени со гравитирачкиот телескоп на еден од сателитите на САД.

„Сѐ што би можело да се каже е – не знаеме што е тоа“, напиша Гери Нугебауер, главен астроном задолжен за истражувачкиот сателит.

US News World Report постоењето на Нибиру го поткрепува со статија во која што се наведува: „Обвиена со сончева светлина, мистериозно допирајќи ги орбитите на Уран и на Нептун, научниците сметаат дека е Планетата Х, десетиот сосед на планетата Земја. Минатата година астрономскиот сателит регистрираше топлина од објект одалечен 50 милијарди милји, кој сега е предмет на многу теории.“

Слични статии пишуваше и Newsweek. Повикувајќи се на изјави на разни научници, овој портал планетата Нибиру ја поврза со мистериозната неправилност во орбитите на Уран и на Нептун во 19 век, како и со изумирањето на диносаурусите пред 26 милиони години.

Најсериозниот извештај околу постоењето на оваа планета се појави во 2016 година, кога двајца експерти од институтот за технологија во Калифорнија, Мајкл Браун и Константин Батигин, изјавија дека пронашле докази за постоење на планета зад орбитата на Плутон. Пензионираниот астрофизичар од универзитетот од Луизијана, Даниел Витмаер, оди до таму што тврди дека Планетата Х е реална и претставува феномен кој се заканува да ја уништи Земјата. Според неговите проценки, последиците од приближувањето на Нибиру кон нашата планета веќе се почувствувале во далечното минато. Витмаер своите први забелешки за Планетата Х ги објавил уште во 1985 година во списанието „Nature“.

Неодамна, авторот Дејвид Мид (David Meade), кого го цитираше и The Sun, излезе со тврдење дека големо небесно тело оваа година ќе влезе во нашиот сончев систем, откако ќе биде привлечено од гравитациска сила на „бинарна ѕвезда“, близнак на нашето сонце.

Авторот оценува дека таа планета е мошне тешко да се забележи заради нејзиниот специфичен пристапен агол.

„Планетата се приближува под кос агол кон Јужниот пол на Земјата. Во нашиот Сончев систем ќе влезе во октомври 2017 година“, тврди Дејвид Мид.

Иако постојат одредени научни индикации дека планета со слични спецификации навистина постои, научната заедница не се согласува дека Нибиру постои во реалноста.

Извор: Hybread.mk

Поврзани вести

Back to top button