Избор на уредникотМакедонија

Ненов: Не е само Арачиново, цели региони не плаќаат струја за да остане одредена партија на власт

На гласачи на одредени политички партии им е дозволено да не плаќаат струја не само во одредени општини, туку и во цели региони за партијата да остане на власт, вели Марјан Ненов од организацијата “Но пасаран” во гостување во емисијата “Стадион”.

Според Ненов тоа е политичка корупција која сите ние останати ја плаќаме преку мрежарината, која е за 1, 5 пати повисока од цената за киловат час електрична енерегија.

Како што обајсни Ненов, не е само Арачиново случај каде не се плаќа струја, има цели региони но тоа се става под тепих, како што е факт дека има дуќани без фискални апарати кои се нелојална конкуренција и ги уништуваат чесните дуќанџии.

Ненов нагласи дека цената на мрежарината е пет пати поевтина во земјите во регионот отколку кај нас бидејќи кај нас таа е начин да се надоместат загубите од неплаќачите.

Прочитајте повеќе на следниот ЛИНК

Поврзани вести

Back to top button