Живот

Немојте да пиете вода за време на јадење

Иако е течноста многу важна за нормално варење, доколку таа се внесува заедно со храната, може да го смени нивото на концентрација на киселината во желудникот,  која на овој орган му е неопходна за правилно да ја свари храната.

Ова особено важи за ладна вода бидејќи таа може да го забави целиот процес на преработка на храната и поради тоа да имате дополнително чувство на тежина во стомакот. Ако сте жедни испијте вода или 15 минути пред оброк и обидете се да пиете вода барем половина час по јадењето.

Доколку оброк бил солен или сув и морате да земете течност, земете само неколку голтки вода загреана на собна температура во која можете да ставите малку лимон или јаболков оцет, бидејќи киселината е добра  за варење, а на тој начин ќе го исперете и целиот вишок од храната кој се насобрал во устата.

Исто така наместо вода добро ќе ви дојде и некој билен чај, пример камилица, нане или мајчина душичка бидејќи тие го смируваат желудникот.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button