Свет

Не во НАТО, ќе ни ја расплачат мајката – бомбашот што ја нападна американската амбасада се огласувал на Фејсбук!

Лицето кое е осомничено дека фрлило бомба врз амбасадата на САД во Подгорица, а потоа самото се разнело, Далибор Јауковиќ(43), живеел во Подгорица, не бил женет и немал семејство.

-Беше фин и уважен господин. Некогаш работеше во комбинатот за алуминиум во Подгорица каде остана без работа. Многу страдаше, бидејќи немаше од што да живее. Голема мака го натерала да го напрви ова – рекол соговорник на Новости, кој сакал да остане анонимнен.

Во Здружението на борци од војните во Црна Гора од 1990 година велат дека се во шок.

-Пукаат луѓето поради неправда. Тој не беше обичен човек. Беше храбар на боиштето за време на НАТО агресијата, додека во мир беше заборавен. Тешко живееше откако остана без работа. Можеби тоа беше прекинувачот да го направи ова – велат соговорници од боречките здруженија.

На својот Фејсбук профил Јауковиќ ја објавил повелата за одликување со потпис на Слободан Милошевиќ од 1999 година. Награден е за исклучително залагање во извршувањето на должноста и извршување на задачите за одбрана на безбедноста на татковината.

Од неговите стастуси може да се види и дека бил против влегувањето на Црна Гора во НАТО.

Поврзани вести

Back to top button