Македонија

Нè очекува значително затоплување на времето

Во наредните денови времето во Македонија ќе биде претежно стабилно и суво, односно ќе преовладува променливо облачно со сончеви и со појава на магла по котлините и по речните долини, информираат од УХМР.

Во четврток и в петок ќе има зголемување на облачноста со услови за локален дожд. Температурата на воздухот ќе има тенденција на пораст.

Кон крајот на неделава ќе има значително затоплување, а тоа се очекува да предизвика забрзано топење на снежната покривка, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Поврзани вести

Back to top button