Македонија

Не му дале две плати, па сам си ги „земал“

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“, поднесена е кривична пријава против 24-годишен стружанец. На 20-ти овој месец, во струшката Полициска станица било пријавено затајување на парични срества подигнати од брза пошта во фирма за брза пошта  од Струга, од страна на пријавениот кој бил вработен како возач.

Со тоа возачот на фирмата и причинил материјална штета од 56.000 денари. Полициски службеници извршиле разговор со пријавениот при што истиот го признал делото и посочил дека го извршил затоа што бил револтиран од сопственикот, заради неисплатени две месечени плати. На тој начин сакал да  ги принуди  да му го исплатат заостанатиот долг кон него.

Поврзани вести

Back to top button