Македонија

Не му дале да подигне дебитна картичка без лична карта, па почнал да го уништува инвентарот во банка на Бит Пазар

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 15.30 часот го лишија од слобода 28-годишниот скопјанец К.И., поради сторено кривично дело „насилство“.

– Околу 15.00 часот, според пријавеното, тој влегол во експозитура на банка на подрачјето на Бит Пазар и побарал без лична карта да си ја подигне својата дебитна картичка, но од страна на вработена во банката му било кажано дека тоа не е возможно, по што тој почнал да ги навредува вработените и да им упатува сериозни закани по животот, а потоа да го уништува инвентарот во банката, информира МВР.

Во соопштението се додава и дека Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје во консултација со ОЈО Скопје, ќе поднесена соодветна кривична пријава против К.И. за сторено кривично дело „насилство“.

Поврзани вести

Back to top button