Живот

Науката покажува дека имањето сестра ве прави подобри и посреќни

Ако имате сестра, веројатно сега одлично се согласувате. Но кога сте биле мали сигурно имало безброј расправии помеѓу вас. Ова е сосема нормално бидејќи и покрај сè, сепак сте се сакале. А науката пак, конечно го потврди мислењето дека имањето постара или помлада сестра навистина го прави вашиот живот подобар.

Науката покажува дека имањето сестра ве прави подобра личност
Истражувањето било спроведено во 2010-та година. Во него учествувале 400 семејства со повеќе членови од кои еден член бил на возраст помеѓу 10 и 14 години. Имањето сестра го поттикнувало позитивното ментално здравје кај децата.

Резултатите исто така покажале дека браќата и сестрите имаат подобра способност за сочувство, комуникација и решавање конфликти. Лора Падила Вокер, професор и главен автор на истражувањето, изјавила дека и покрај сите расправии и несогласувања, сè додека постои љубов помеѓу браќата и сестрите, ќе победи позитивното.

Кога се расправаат, децата мораат да научат да ги регулираат нивните емоции. Ова е неопходна вештина за подоцна во животот. Иако сестрите и членовите од семејството се расправаат, неоспорен е фактот дека животот со брат или сестра е помалку осамен. Не е зачудувачки и тоа што девојчињата повеќе разговараат и се покомуникативни со момчињата. Ако имате сестра, голема е веројатноста со помош на разговор да ги решавате животните проблеми.

Има добри вести и за девојките. Мажите кои пораснале со сестри најчесто подобро комуницираат со жените. Она што е интересно е тоа што истражувањето открило дека откако починале родителите, сестрите правеле и вложувале повеќе за да ја задржат врската помеѓу членовите на семејството.

Па, и покрај малите расправии со вашите браќа и сестри, тие се само мали пречки на патот. Запомнете дека овие луѓе ќе бидат со вас целиот ваш живот. Чувајте ги близу до вас и одржувајте го квалитетот на врската.

Поврзани вести

Back to top button