Научниците за прв пат замрзнале и одмрзнале мозок без оштетувања
Во светот на научната фантастика често сме имале шанса да видиме како луѓето со помош на крионици успеале да го продолжат својот живот. Новата технологија која научниците ја користеле при замрзнувањето на мозокот би можела да има големо влијание на иднината на криониката.
Научниците сега тврдат дека за прв пат успеале да замрзнат и одмрзнат мозок од зајак, кој останал речиси во совршена состојба. Експертите од групата “21st century medicine”, ја користеле оваа техника, која кардиоваскуларниот систем во мозокот на зајакот го исполнила со хемикалии кои овозможуваат да се замрзне на -135 степени Целзиусови.
Експертите прво го натопиле мозокот со глутаралдехидом, кој инаку се користи како конзерванс, а потоа во него додале криозаштитна течност. При овој процес мембраните, синапсите и останатите структури останале недопрени откако биле отстранети хемикалиите и загреан мозокот.
“Мозокот го анализиравме под електронски микроскоп и видовме дека сите врски останале недопрени”, рекол Мајкл Церуло од Фондацијата “Brain Preservation”. На научниците кои работеле на ова истражување, фондацијата им доделила награда од 26.735 долари.
Невронаучникот Кенет Јејворт рекол дека секој неврон и синапс изгледаат совршено сочувани, што е голем напредок во однос на вообичаените методи во кои кај човечкиот мозок доаѓало до дехидратација и распаѓање на врските. Следен чекор на научниците кои работат на ова подрачје ќе биде замрзнување и зачувување на мозок на големи цицачи.
Ова истражување би можело да има големо влијание на иднината на криониката и изгледа дека ќе можеме да враќаме луѓе во живот. Меѓутоа, новата технологија им овозможува на научниците да го анализираат мозокот во многу подлабоки детали.