Научниците согласни: Безжичните слушалки можат да предизвикаат рак
пасно за здравјето се смета се што користи електромагнетска енергија на бранови од различен тип. “Bluetooth” функционира на еден облик кој вклучува радиобранови со ниска сила.
Светската здравствена организација и ОН објавиле петиција во која тврдат дека популарните слушалки на “Apple” – “Airpods”, носат ризик од развој на карцином. Петецијата ја потпишале 250 научници. Предупредуваат дека многу уреди зрачат со радиоактивно зрачење, какво што се користи за WiFi, мобилни податоци и Bluetooth.
Посебно загрижуваат “AirPod” слушалките бидејќи се ставаат длабоко во ушните канали и така чувствителното подрачје на увото се изложува на зрачење кое се смета за поврзано со развој на карцином.
Во некои случаи дури и нивото на зрачење кое се смета за канцерогено е значително пониско од најмногу дозволените федерални и меѓународни насоки. Минатата година Apple продал 28 милиони пара безжични слушалки. Само една година претходно продале 16 милиони пара.
Во подготовката е нов дизајн на кој дополнително ќе се поработи на озвучувањето. “AirPods” слушалките безжично се спојуваат со телефон преку “Bluetooth”, популарната комуникациска технологија.
Во основа, опасно за здравјето се смета се што користи електромагнетска енергија на бранови од различен тип. “Bluetooth” функционира на еден облик кој вклучува радиобранови со ниска сила. Очигледна и најчеста опасност од радиобрановите е таа дека, при високи нивоа, може да создадат топлина и да предизвикаат изгореници. Научниците уште работат на резултатите од долгорочната изложеност на таквите бранови.
Кога на тој облик на зрачење ќе се изложат животните, им се оштетува репродуктивниот и невролошки состав, односно генетскиот материјал. Таков вид на енергија е доволно силна да ги протресе атомите кои ги сочинуваат клетките, но не е доволно силна да им ја промени структурата. Тоа значи дека радиобрановите се помалку опасни од високите нивоа на зрачење како рентген или ултразвук.
Минатата година научниците од Националниот институт за здравје дополнително докажале дека мобилното зрачење предизвикува некој вид на карцином. Сега е бараат зголемено внимание при користењето на сите видови технологија кои се базираат на радиобранови, а посебно се загрижени за зрачењето на “Bluetooth” уредите и нивното влијание на ушните празнини и мозокот. Меѓународната агенција за истражување на ракот утврдила дека зрачењето на електромагнетското поле може да е канцерогено, а ризик е и “WiFi”.
Светската здравствена организација осмислила насоки за електромагнетски фреквенции и количините на кои уредите смеат да ги изложат корисниците. Сепак, авторите на новата петиција велат дека научниците откриле дека дури и ниските дози на EMF се канцерогени, а се поврзани со рак на мозокот. Зрачењето на мобилните дополнително, тврдат во истото истражување, може да предизвика настанување на тумор на нервите кои ги спојуваат увото и мозокот.
Потребни се уште многу истражувања за да се објаснат точните ризици поврзани со секој вид на зрачење, но научниците кои ја потпишале петицијата веруваат дека начинот на кој моментално ги користиме тие уреди опасно го занемарува безбедниот аспект и за тоа како одговорни ги посочуваат произведувачите.
“Различни агенции поставуваат стандарди за безбедност кои не ја заштитиле јавноста, а посебно децата кои се посебно ранливи во однос на резултатите на EMF. Ако не преземат некои чекори, СЗО не ја исполнила својата улога на меѓународна здравствена организација”, напишале во петицијата.