Избор на уредникот

Научниците откриле ,,пустина” среде Тихиот Океан (ВИДЕО)

Ова е местото каде што се наоѓа Точката Немо, односно океанскиот пол на недостапност, најдалечната точка од копното на Земјата. Овој океански простор е различен од околината и е познат и како „гробишта на вселенски летала“.

До неодамна, научниците немаа јасна слика за животот во овие мистериозни води, кои зафаќаат 10 проценти од површината на Земјата. Вителот во јужниот Пацифик, од таа причина, секогаш се сметаше за пустина по однос на морскиот свет.

И покрај неговата опустошеност , и таму преживуваат организми. Причините за недостаток на екосистем се многубројни и го вклучуваат растојанието од хранливите материи што ги обезбедува земјата, начинот на кој циркулацира водата, како и високите нивоа на УВ зраци.

Истражувањето на оваа океанска пустина е многу предизвикувачки потфат, и заради неговата оддалеченост и големината на просторот што го зафаќа – 37 милиони квадратни километри.

И покрај овие предизвици, научниците неодамна беа во можност да погледнат во микробиолошкиот состав на тамошните води.

Екипажот, предводен од истражувачи од Институтот Макс Планк за морска микробиологија во Бремен, Германија, замина на шестнеделна експедиција што се протега од Чиле до Нов Зеланд. Благодарение на напорите на истражувачите од Институтот, микробиолошките податоци биле собрани на длабочина од пет километри.

Наодите потврдиле дека бројот на микроорганизми на површината на Јужниот Пацифик е три пати помал од бројот на клетки во вителот.

„Ова е веројатно најмалата количина живи ќелии досега измерени во океанот“, вели Бернхард Фукс, микробиолог и еколог чиј тим извршува тестови на собраните примероци, објави Science Alert.

Поврзани вести

Back to top button